Остри реакции од државниот врв против последните терористички напади

Претседателот Ердоган на семејствата на загинатите полицајци во нападот им изрази сочувство,

554730
Остри реакции од државниот врв против последните терористички напади

Државниот врв остро ги осуди последните напади на терористичката организација ПКК во Елазиг, Ван и Битлис.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган од надлежните се стекна со информации за нападот врз зградата на полицијата во Елазиг.

Според извори од кабинетот на претседателот, Ердоган по веста за нападот, одржал телефонски разговори со валијата на Елазиг Мурат Зорлуага, премиерот Бинали Јилдирим и началникот не генералштабот генерал на армија Хулуси Акар.

Претседателот Ердоган на семејствата на загинатите полицајци во нападот им изрази сочувство, а на повредените побрзо оздравување.

Премиерот Бинали Јилдирим по терористичкиот напад врз зградата на полицијата во Елазиг отпатува во посета на градот.

Во говорот што го одржа во оваа прилика премиерот Јилдирим рече дека за жал терористичките организации се во меѓусебна соработка, потенцирајќи дека по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) го изгуби својот кредибилитет и задачата и ја препушти на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Премиерот Јилдирим во говорот рече:

Од Елазиг, местото каде што беше извршен терористичкиот напад на граѓаните сакам да им го кажам тоа дека ние тргнавме по зацртаниот пат. Ниту една терористичка организација не може да се справува со Турција, бидејќи овој народ нема да и се предаде на ниту една терористичка организација.

Од друга страна пак, министерот за развој Љутфи Елван, министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик, министерот за правда Бекир Боздаг исто така остро го осудија нападот.

Министерот за развој Љутфи Елван во изјавата преку профилот на социјалните медиуми рече дека близнакот на терористичката ФЕТО, кукавичката терористичка организација ПКК продолжува со подмолности и дека вршат бомбашки напади врз основа на наредбите кои ги добиваат од мрачните средини чија маша се.

Министерот за евроинтеграции Омер Челик рече:

Нашата тага е многу голема. Нема да дозволиме земјата да се предаде на тероризмот.

Министерот за правда Бекир Боздаг во изјавата рече дека Турција одлучно ќе продолжи со борбата против терористичките организации, тероризмот и терористите. Ниту еден терористички напад нема да остане без одговор.

Лидерот на опозиционата Републиканска народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу во изјавата за печатот по бомбашкиот напад во Елазиг ја изрази спремноста на партијата за поддршка на владата за окончување на тероризмот.



Слични вести