Омер Челик одржа телефонски разговор со Алан Данкан

Обединетото кралство секогаш активно соработува со Турција во борбата против тероризмот

554595
Омер Челик одржа телефонски разговор со Алан Данкан

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Омер Челик одржа телефонски разговор со министерот на Обединетото кралство за односи со Европа Алан Данкан.

Челик на колегата Данкан му се заблагодари се посетата на Турција што ја оствари по обидот за воен удар и солидарноста.

Според извори од Министерството за евроинтеграции, министерот Челик британскиот колега Данкан го информираше за мерките и санкциите што ги презеде Турција во борбата против Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Додека Данкан рече дека секогаш активно соработуваат со Турција во борбата против тероризмот и дека соработката е продолжи и во иднина.

Министерот Челик на Данкан му посака успех во работата како министер за односите со ЕУ по одлуката на Обединетото кралство за одвојување од ЕУ.

Двајцата министри постигнаа согласност за одржување тет-а тет средба во најскоро време.



Слични вести