Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи престојува во официјална посета на Турција

Средбата ќе биде извонредна прилика за лично изразување на длабокото сочувство за загинатите шехиди на 15 јули

553837
Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи престојува во официјална посета на Турција

Претседателот на ТРСК Мустафа Акинџи пред да допатува во Анкара, на прес конференцијата што ја одржа на аеродромот Ерџан рече дека барањето за средбата пристигна од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Акинџи потсети дека наскоро ќе започнат интензивните преговори од втората етапа на кои ќе бидат разгледани гаранциите.

Затоа во овој критичен период, многу големо значење имаше средбата со претседателот Ердоган.

Мустафа Акинџи меѓудругото додаде дека средбата ќе биде извонредна прилика за лично изразување на длабокото сочувство за загинатите шехиди на 15 јули.



Слични вести