Министерот Мевљут Чавушоглу одржа телефонски разговор со американскиот колега Џон Кери

Главна тема на разговорот беше процесот во врска со екстрадицијата на Ѓулен, челникот на терористичката ФЕТО

553527
Министерот Мевљут Чавушоглу одржа телефонски разговор со американскиот колега Џон Кери

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу одржа телефонски разговор со американскиот колега Џон Кери.

Според дипломатски извори најпрвин беа разменети мислења во врска со последната состојба во процесот на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Една друга тема на разговорите беше претстојната посета на потпретседателот на САД Џо Бајден на Турција.

На средбата беа разменети мислења и во врска со случувањата во Мунбич и Алепо а исто така беше направена и проценка на ситуацијата во Сирија.

Од друга страна министерот Чавуошглу одржа телефонски разговор и со бугарскиот колега Даниел Митов.

На средбата беа разменети мислења во врска со билатералните односи како и спречувањето на илегалната миграција и соработката во сферата на борбата против илегалните миграции.



Слични вести