Турција ќе продолжи да опстојува како правна држава

Никој нема право да го засенчи оваа гордост на народот

553160
Турција ќе продолжи да опстојува како правна држава

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да опстојува како правна држава

Ердоган во претседателскиот дворец во Бештепе ја прими делегацијата на Унијата на адвокатските комори на Турција предводена од претседателот Метин Фејзиоглу.

Во говорот на приемот претседателот Ердоган рече дека целиот народ на Турција, без оглед на нивното етничко и верско потекло како и идејно и политичко определување ноќта на 15 јули се крена против обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) и застана во одбрана на државата изнесувајќи ги своите голи животи.

Борбата против пучистите се води во рамките на границите на правната држава, рече Ердоган и подвлече:

Претседателите на адвокатските комори нека бидат убедени дека Турција е правна држава и дека ќе продолжи да опстојува како таква. Борбата против пучистите кои започнаа војна против земјата и народот, уште од првиот момент се води во рамките на границите на правната држава. Ноќта на 15 јули, пучистите се соочија со заедничкиот отпор на народот и безбедносните сили, обвинителите, судиите и правосудството.

Турскиот народ ноќта на 15 јули помина низ еден историски тест, рече Ердоган и истакна:

Ноќта на 15 јули, целиот народ на Турција, без оглед на нивното етничко и верско потекло како и идејно и политичко определување, сите 79 милиони граѓани поминаа еден историски тест.

Се кренаа против обидот за воен удар на Фетулахистичката организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) и застана во одбрана на државата изнесувајќи ги своите голи животи. Никој нема право да го засенчи оваа гордост на народот.

Турскиот народ покажа одлучен став против обидот за воен удар, рече Ердоган и додаде дека без оглед на немилосрдноста, неетичноста, монструозноста, несвесноста на пучистите, народот покажа уште поголема благородност, интелигентност, способност, храброст, одлучност. Затоа сите луѓе во светот треба да имаат почит кон овој народ. Нашиот народ навистина заслужува голем респект, рече Ердоган.

Турција со години беше изложена на експлоатација и искористена, рече Ердоган и продолжи:

Денес ако погледнеме назад, тогаш ќе имаме можност да видиме и согледаме дека Турција со години беше изложена на лагите, клеветите, празните ветувања на лица кои ги изнесуваа тврдењата дека тие ја штитат земјата и државата која била изложена на искористувањето на избраните. Ноќта на 15 јули кога оружјето на воените пучисти почна да сее смрт, немаше ниту еден од овие насилници и експлоататори. Сите оние кои што излегоа на улиците, плоштадите, застанаа пред тенковите и се спротивставија со голи гради на вперените пушки, беа просечните граѓани на оваа земја.



Слични вести