Остра реакција од Турција на изјавите на грчкиот претседател Павлопулос во врска со тврдењата за Понтус

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се критикуваат изјавите на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос околу тоа дека Турција треба да се извини во врска со тврдењата за Понтус

553191
Остра реакција од Турција на изјавите на грчкиот претседател Павлопулос во врска со тврдењата за Понтус

Турција реагираше против изјавите на грчкиот претседател Павлопулос во врска со тврдењата за Понтус.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се критикуваат изјавите на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос околу тоа дека Турција треба да се извини во врска со тврдењата за Понтус.

Во писменото соопштение се нагласува дека изјавите на Павлопулос претставуваат демагогија далеку од добронамерност и одговорност како државник.

Во соопштението се вели дека тврдењата во врска со Понтус немаат никаква конзистентност од историски и правен аспект.

Освен тоа во соопштението се потсетува и на асимилацијата и нечовечните применувања кон малцинствата во Грција од страна на властите во оваа земја.

Во соопштението на турскоот министерство за надворешни работи се нагласува дека ваквите видови изјави од Грција кон Турција се во спротивност со духот на пријателските и соседските односи.



Слични вести