Одлуката за именување на некои нови амбасадори објавена во Службениот весник

Потсекретарот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу беше именуван за постојан претставник на РТ во ОН

552602
Одлуката за именување на некои нови амбасадори објавена во Службениот весник

Согласно одлуката, амбасадорот во Грција Керим Урас и амбасадорот во Обединетите Арапски Емирати Левент Билген беа повикани во Анкара.

Постојаниот претставник во ОН амбасадорот Јашар Халит Чевик беше именуван за нов амбасадор во Грција.

За амбасадор на РТ во Полска беше именуван Тахсин Тунч Угдул, додека за амбасадор во Обединетите Арапски Емирати беше именуван Џан Диздар.

Потсекретарот за надворешни работи Феридун Синирлиоглу беше именуван за постојан претставник на РТ во ОН.



Слични вести