Вршителот на должноста амбасадор на Шведска во Анкара повикан во МНР на Турција

На шведскиот дипломат му беа доставени вознемиреноста и разочараноста на Турција во врска со изјавата на шведскиот министер за надворешни работи Валстром во однос на тоа дека „во Турција се дозволува сексуална злоупотреба на децата под 15 годишна возраст“

Вршителот на должноста амбасадор на Шведска во Анкара повикан во МНР на Турција

Вршителот на должноста привремен амбасадор на Шведска во Анкара Хедвиг Клара Ерика Хогг Лохм беше повикан во турското министерство за надворешни работи.

Според добиени информации од дипломатски извори на шведскиот дипломат му беа доставени вознемиреноста и разочараноста на Турција во врска со изјавата на шведскиот министер за надворешни работи Маргот Валстром преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер во однос на тоа дека „во Турција се дозволува сексуална злоупотреба на децата под 15 годишна возраст“. 

Шведскиот министер за надворешни работи Маргот Валстром преку својата официјална сметка на Твитер напиша: „Треба да се поништи одлуката со која се дозволува сексуален однос со деца под 15 годишна возраст. Децата имаат потреба од поголема заштита, а не помала заштита против насилството и сексуалната злоупотреба .“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу овие тврдења на неговиот шведски колега Валстром ги оцени како изјави кои што не му доликуваат на еден министер за надворешни работи и изјави над лага и погрешно разбирање. 

Нагласувајќи дека турската влада е крајно одлучна за спречување на злоупотребата на децата и за борба против истата, Чавушоглу рече: „Нашето собрание го усвои и законот со кој се зголемува казната за злоупотреба на децата под 15 годишна возраст.“



Слични вести