Мевлут Чавушоглу: Или договорите ќе ги применуваме едновремено или ќе ги кренеме настрана

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави за германски „Билд“ дека Турција сака потпишаниот договор за реадмисија со ЕУ или да се применува едновремено или пак како што рече ќе го крене настрана овој договор

551986
Мевлут Чавушоглу: Или договорите ќе ги применуваме едновремено или ќе ги кренеме настрана

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за германскиот весник „Билд“ направи проценка на односите меѓу Турција и ЕУ.

Чавушоглу истакна дека Турција сака потпишаниот договор за реадмисија со ЕУ да се применува едновремено или пак како што рече ќе го крене настрана овој договор.

Потсетувајќи дека Турција вложува напори за да ги исполни сите услови на патот на нејзино членство во ЕУ колку што не вложила досега речиси  ниту една земја, Мевлут Чавушоглу напомена дека меѓутоа Турција се соочува со закана, навреда и попречувања.

Привлекувајќи внимание на договорот во врска со бегалците, Чавушоглу укажа на тоа дека се уште не е ставен во примена договорот во кој што отворено стои оти во октомври ќе се донесе одлука за визна либерализација за турските граѓани.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на прашањето дали доколку во октомври не биде ставена во примена визната либерализација во Европа наесен повторно ќе дојдат стотици илјади бегалци истакна дека разговорите со ЕУ продолжуваат и дека отсега не би сакал да го каже најлошото.

„Меѓутоа едно е јасно: Или договорите ќе ги применуваме едновремено или ќе ги кренеме настрана.“ – истакна Лавушоглу во интервјуто за германскиот весник „Билд“.



Слични вести