Јилдирим: АК Партијата заедно со народот не им го остави мегданот на предавниците на татковината

Претседателот на АК Партијата и премиер Бинали Јилдирим истакна дека АК Партијата заедно со народот не им го остави и никако нема да им го остави мегданот на предавниците на татковината

551900
Јилдирим: АК Партијата заедно со народот не им го остави мегданот на предавниците на татковината

Претседателот на АК Партијата и премиер Бинали Јилдирим на церемонијата по повод 15-годишнината од формирањето на АК Партијата што се одржа пред седиштето на партијата им се обрати на партијците и истакна дека Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) заедно со народот не им го остави и никако нема да им го остави мегданот на предавниците на татковината.

Потсетувајќи дека основачкиот претседател на АК Партијата Реџеп Тајјип Ердоган тогаш кога беше формирана партијата рече дека „Отсега ништо нема да биде како порано“, претседателот на партијата и премиер Бинали Јилдим рече: „Од овие зборови поминаа 15 години. Со одбивањето на обидот за воен удар на предавничката Фетулахистичка терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули уште еднаш видовме дека ништо не беше и нема да биде како порано.“

Јилдирим напомена дека на одржаните избори во ноември 2002 година беше даден старт со слоганот „Сами на задача“ и продолжи со следните зборови: „Рековме дека се е за Турција и сето она што го направивме го направивме за Турција. Ги отворивме една по една затнатите вени на земјата. Поаѓавме од принципот да му се овозможи живот на човекот за да живее државата. Рековме дека државата му припаѓа на народот, ги состанавме и овозможивме да се прегрнат државата и народот. Не се побунивме, но стоевме цврсто исправени. Не признавме ниту една длабока градба, ниту една точка на туторство и ниту една терористичка организација пред народната волја. Се боревме со безброј предавства и стигнавме до денешни денови.“

Нагласувајќи дека партијата уште од нејзиното формирање јасно стоеше против етничкиот, регионалниот и верскиот национализам и против секој вид дискриминација и дека со тоа стана партија на цела Турција која ги прегрна сите средини, Бинали Јилдирим истакна дека затоа АК Партијата е гласот на народот и партија на цела Турција.

Јилдирим привлече внимание кон тоа дека се појавија пред народот како партија која ги остави зад себе кризите и туторствата и рече: „За инает на предавничките чети, терористичките организации и накусо оние кои се обидоа да го пресечат патот пред народот, ние го жртвувавме својот живот за овој народ. Со Аллахова помош никој не може да не одврати од овој пат. Денеска сме посилни од вчера. Успешно одбивме голем број обиди за предавство, од бунтот Гези до обидот за преврат од 17-25 декември, од насилството на 6-7 октомври до политиката на копање ровови. АК Партијата е раководство кое како последно заедно со народот на 15 јули го отфрли најѓаволскиот, најсвирепиот обид за преврат во светот и ги принуди пучистите да клекнат на колена.“ 

Премиер Бинали Јилдирим нагласи дека секој вид на напад и предавство уште повеќе ќе ја зголеми одлучноста на АК Партијата.

„Го напаѓаат единството на оваа земја и на овој народ, сакаат да ги уништат нашите придобивки и да го сопрат нашиот пат со сигурни чекори кон иднината. Секој добро да знае дека партијата на тивките револуции, АК Партијата, заедно со народот не им го остави и никако нема да им го остави мегданот на предавниците на татковината. Никако не ќе можат да ги спречат нашата одлучност за достигнување до степенот на современите цивилизации на што укажува Гази Мустафа Кемал и за реализација на целите на нашата АК Партија за 2023 година.“ - рече Јилдирим. 

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека тероризмот, на чело со терористичката организација ФЕТО и сепаратистичко-терористичката организација ПКК ќе биде изваден од дневниот ред на Турција.

Велејќи дека Турција ќе го продолжи својот пат како многу повеќе развиена демократска и правна држава, Јилдирим укажа на тоа дека на идните поколенија ќе им биде оставена во аманет Турција во која нема да се зборува за воени удари. 

 

15 yıllık bu meşakkatli ve başarılarla dolu dönemin sonunda geleceğe daha büyük güvenle yürüdüklerini bildiren Yıldırım, 

"Hain şer odakları, bizi geleceğe doğru kutlu yürüyüşümüzden alıkoyamadı, asla alıkoyamayacak. Hain FETÖ örgütü ve bölücü örgütler, küçük dünyalarında debelenip dursunlar. Biz Türkiye olarak, AK Parti olarak bakışlarımızı bir an olsun ufuklardan çevirmeyeceğiz." diye konuştu.

 

TRT/AA/SONGÜL

 



Слични вести