Владата утре ќе одржи своја седница под претседателство на претседателот Ердоган

Главна точка на дневниот ред на владината седница што ќе се одржи под претседателство на претседателот Ердоган и ќе започне во 11:00 часот ќе биде обидот за воен удар на 15 јули и случувањата потоа

551772
Владата утре ќе одржи своја седница под претседателство на претседателот Ердоган

Владата утре ќе одржи своја седница во претседателската палата во Бештепе во Анкара со која ќе претседава претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

Состанокот ќе започне во 11:00 часот според турско време.

Главна точка на дневниот ред на состанокот ќе биде обидот за воен удар на 15 јули и случувањата потоа.

На состанокот во склопот на вонредната состојба се очекува да се разговара и за новите уредби со законска сила.



Слични вести