„Целта на изговорот за ’авторитаризам и диктаторство’ беше да се подготви основата за воен удар“

Портпаролот на претседател Ибрахим Калин преку Твитер напиша дека целта на изговорот за „авторитаризам и диктатура“ која две години како се градеше систематски беше да се подготви основата за воен удар, но истакна дека народот ја расипа оваа игра

551544
„Целта на изговорот за ’авторитаризам и диктаторство’ беше да се подготви основата за воен удар“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин објави порака преку социјалната мрежа во врска со обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Калин во својата порака преку социјалната мрежа Твитер напиша дека целта на изговорот за „авторитаризам и диктатура“ која две години како се градеше систематски  беше да се подготви основата за воен удар, но истакна дека народот ја расипа оваа игра.

Истакнувајќи дека оние кои го ширеа изговорот за „авторитаризам и диктатура“ беа средини кои директно или индиректно го поддржуваа обидот за воен удар, Ибрахим Калин напомена дека тоа не е случајност.

Калин во својата порака напиша: „Доколку обидот за воен удар беше успешен ќе велеа дека е ’извршен воен удар против диктаторот’ и дека ’постоеја праведни причини за тоа’. Меѓутоа народот не дозволи да помине тоа.“



Слични вести