МНР на Турција: Грција се обидува да го стави под хипотека преговарачкиот процес на Кипар

Турција истакна дека Грција за изнаоѓање решение на Кипар поставува услови така да се каже „без кои се не може“  и со тоа се обидува да го стави под хипотека преговарачкиот процес на островот

551434
МНР на Турција: Грција се обидува да го стави под хипотека преговарачкиот процес на Кипар

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека грчкото министерство за надворешни работи на 11 август на своите претходни соопштенија им додаде уште едно ново бесмислено соопштение во правец на воспоставување на принудна врска помеѓу обидот за воен удар во Турција и статусот на гаранторство на Турција над целиот остров Кипар.

Во соопштението се потсетува дека во процесот од интервенцијата на Турција на Кипар кога таа го искористи своето гаранторско право од меѓународните договори, досега на островот владеат спокојство и стабилност.

Во истото соопштение се истакнува  дека Грција која за изнаоѓање решение на Кипар поставува услови така да се каже „без кои се не може“ доведува до сериозно сомневање по прашањето на нејзината искреност и очекувања во врска со  процесот.

Во соопштението се напоменува дека Турција ги отфрлува овие иницијативи на Грција  и се изнесува очекувањето од оваа земја во правец на нејзина поддршка на напорите кои што се водат за воспоставување на праведно, трајно и сеопфатно решение на островот Кипар.



Слични вести