Демант од владини извори на гласините во врска со Саудиска Арабија

„Не ја одразуваат вистината гласините околу тоа дека премиерот Бинали Јилдирим укажал на тоа оти меѓу земјите кои го поддржале обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО на 15 јули се наоѓа и Саудиска Арабија“ - итакнуваат владини извори

551452
Демант од владини извори на гласините во врска со Саудиска Арабија

Владини извори ги демантираа вестите околу тоа дека премиерот Бинали Јилдирим укажал на тоа оти меѓу земјите кои го поддржале обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули се наоѓа и Саудиска Арабија.

Вадини извори информираа во врска со состанокот што премиерот Бинали Јилдирим го одржа вчера во владиниот дворец на Чанкаја со претставниците на медиумите. 

„Во никој случај не ја одразуваат вистината коментарите кои што зазедоа место во некои информативни органи околу тоа дека господинот премиер на средбата со главните и одговорни уредници на медиумите на прашањето ’Што велите за гласините за поддршка на обидот за воен удар од надвор?’ одговорил со зборови кои алудирале на Саудиска Арабија. Со задоволство беше дочекана поддршката на пријателска и братска Саудиска Арабија на нашата влада и нашата земја против обидот за воен удар.“ - истакнуваат владини извори.



Слични вести