Американскиот потпретседател Џо Бајден ќе допатува во посета на Турција

Во објавеното соопштение од Белата куќа се истакнува дека Бајден во периодот од 22 до 25 август ќе ги посети Летонија, Турција и Шведска

551347
Американскиот потпретседател Џо Бајден ќе допатува во посета на Турција

Американскиот потпретседател Џо Бајден ќе допатува во посета на Турција.

Во објавеното соопштение од Белата куќа се истакнува дека Бајден во периодот од 22 до 25 август ќе ги посети Летонија, Турција и Шведска.

Во истото соопштение се додава следното: „Џо Бајден во рамките на своите разговори во Анкара ќе се состане со претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим и притоа ќе стане збор за односите помеѓу САД и Турција и други различни прашања кои се од значење за двете земји.“ 

Американскиот потпретседател Џо Бајден ќе оствари значајни средби и за време на неговите посети на Летонија и Шведска кои ќе ги одржи во истиот период.- се вели во соопштението на Белата куќа.

Џо Бајден се планира да ја посети Турција на 24 август, во среда.



Слични вести