„Ако САД не го предадат челникот на ФЕТО, Ѓулен тоа ќе влијае на односите помеѓу двете земји“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека доколку САД не одговорат на барањето на Турција за предавање на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО, неизбежно оваа состојба ќе влијае на односите помеѓу двете земји

551416
„Ако САД не го предадат челникот на ФЕТО, Ѓулен тоа ќе влијае на односите помеѓу двете земји“

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу даде интервју за јапонската новинска агенција Кјодо во врска со обидот за воен удар на 15 јули и случувањата потоа.

Чавушоглу истакна дека доколку САД не одговорат на барањето на Турција за предавање на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ, неизбежно оваа состојба ќе влијае на односите помеѓу двете земји

Во врска со операциите кои се започнати против лицата поврзани со терористичката организација ФЕТО по воениот удар пак, Мевлут Чавушоглу истакна дека истрагите се водат во рамките на уставот и законите.

На прашањето во врска со влијанието на обидот за воен удар врз турската економија, Чавушоглу укажа на тоа дека Турција ги има преземено неопходните мерки и ги повика јапонските фирми да инвестираат во земјата.

Во однос на неодамнешната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Русија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу напомена дека се поправени нарушените односи со Русија по случајот со соборување на рускиот воен авион и истакна дека тоа ќе помогне и во решавањето на присутните проблеми во регионот.   

Чавушоглу воедно повтори дека нема да има одредена промена во ставот на Турција во врска со сирискиот претседател Бешар Асад.



Слични вести