Премиерот Јилдирим одржа телефонски разговор со бугарскиот колега Борисов

Јилдирим на Борисов му се заблагодари за поддршката на бугарската влада во борбата против ФЕТО/ПДЈ

551077
Премиерот Јилдирим одржа телефонски разговор со бугарскиот колега Борисов

Премиерот Бинали Јилдирим одржа телефонски разговор со бугарскиот колега Бојко Борисов

Според владини извори, премиерот Јилдирим на разговорот на колегата Борисов му се заблагодари за поддршката на бугарската влада во борбата против Фетулахистичката терористичка организација / паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) по обидот за воен удар на 15 јули.

Јилдирим рече дека на приврзаниците на ФЕТО во Бугарија кои беа екстрадирани на Турција ќе им се суди согласно начелата на правна држава и на фер начин и дека екстрадицијата ќе претставува пример за пријателска и сојузничка соработка за другите земји.

Премиерот Јилдирим на бугарскиот премиер Борисов му предложи да започнат соработка како соседни земји на билатерално ниво во врска со илегалните миграции.



Слични вести