Европа не пружи доволно поддршка против обидот за воен удар на 15 јули

Неприфатливо е 53 годишното одложување на приемот на Турција во ЕУ

551006
Европа не пружи доволно поддршка против обидот за воен удар на 15 јули
cumhurbaşkanı alman televizonu rtl1.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган остро ја критикуваше Европа која не пружи доволно поддршка против обидот за воен удар на 15 јули.

Во интервјуто за германскиот канал РТЛ претседателот Ердоган направи проценка на ставот на ЕУ во врска со обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација / паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), визната либерализација и германското правосудство.

Ердоган упати остри критики на сметка на Европа која не покажа доволна поддршка на Турција во борбата против обидот за воен удар и нападот врз турската демократија. Ердоган рече:

На 15 кули беше извршен обид за воен удар. На 18 јули германската канцеларка ме побара по телефон и употреби израз во смисла. Случувањата да не предизвикаат загриженост. Секако дека случувањата предизвикуваат жалење и кај нас. Но ние не правиме ништо во знак на одмазда, рече Ердоган.

Во борбата против обидот за воен удар од Европа очекувавме да изрази посилна поддршка. Како што Европејците се собраа против тероризмот во Париз, истото очекувавме да го направат и за Турција. Европските земји во најмала рака требаше да испратат барем по еден свој претставник, но не го направија тоа.

Како последица на обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО загинаа 240 граѓани, над 2 илјади беа повредени.

По овој напад кој беше извршен против турската демократија, во посета на Турција допатуваа само генералниот секретар на Советот на Европа, еден европски министер и катарскиот министер за надворешни работи. Жалиме поради оваа состојба, рече Ердоган.

Претседателот Ердоган ја критикуваше и одлуката на германскиот Уставен суд кој не даде одобрение за учество на Митингот против обидот за воен удар во Келн што се одржа пред две недели. Гледано од тој аспект, јас немам почит кон германскиот правосуден систем.

Во врска со визната либерализација и Договорот за реадмисија меѓу ЕУ и Турција, претседателот Ердоган рече дека Европа сеуште не ги исполни дадените ветувања во врска со визната либерализација, поради што и Турција нема да ги изврши одговорностите предвидени со договорот за реадмисија.

Моја должност е да ги кажувам вистините, рече Ердоган и подвлече дека неприфатливо е 53 годишното одложување на приемот на Турција во ЕУ.



Слични вести