Ердоган го одобри Законот за меѓународна работна сила

Новиот Закон за меѓународна работна сила ги опфаќа активностите за вработување странци

551148
Ердоган го одобри Законот за меѓународна работна сила

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган го одобри Законот за меѓународна работна сила

Согласно одредбите на новиот закон кој стапи на сила по објавувањето во Службениот весник, се предвидува да се спречи неевидентираната странска работна сила и сивата економија.

Новиот Закон за меѓународна работна сила ги опфаќа активностите за вработување странци и компаниите кои вработуваат странски граѓани.

Според тоа, Министерството за труд и безбедносни политики со посредство на Советодавниот одбор ќе може да ги определува политиките за меѓународна работна сила, а исто така да раководи со активностите на национално и меѓународно ниво.

Со цел да се земат во предвид барањата за вработување на странски граѓани и следење на влијанието на меѓународната работна сила, ќе се формира систем за апликација на странските граѓани за нивно вработување, разгледување на истите и следење.

Странците кои се наоѓаат во рамките на законот, не ќе можат да работат во Турција без дозвола за работа.

За добивање дозвола за работа за странските државјани во здравствениот и образовниот сектор, неопходно ќе биде да добијат претходно одобрување.

Исто така се определени и казните за странските граѓани кои немаат дозвола за работа и оние кои што ги вработуваат странските лица.

Странецот кој работи кај работодавач без работна дозвола ќе биде казнет со парична казна од 2 400 турски лири (околу 800 долари), странско лице кое ќе работи независно ќе биде казнето со парична казна од 4 800 турски лири (околу 1600 долари), додека работодавачот кој ќе вработи странско лице без работна дозвола, за секое странско лице ќе биде казнет со парична казна од 6 илјади турски лири (околу 2 илјади долари).



Слични вести