ФЕТО/ПДЈ има своја специјална мрежа на комуникација

Опозиционите партии покажаа многу јасен став против обидот за воен удар

551269
ФЕТО/ПДЈ има своја специјална мрежа на комуникација

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) има своја специјална мрежа на комуникација која ја формирале самите и која не може да се користи од страна на други лица. Во инфраструктурата на оваа комуникациска мрежа се наоѓаат околу 50 илјади имиња поради што се води истрага за откривање на сите инволвирани лица.

Јилдирим рече дека досега 76 597 лица се изземени од работа. Бројот на службениците кои се исфрлени од работа изнесува 4 897. Над 3 илјади од нив се воени лица, дел од нив судии, дел државни службеници. Вкупниот број изземените и исфрлените службеници од работа изнесува 81 494 лица.

На средбата со претставниците на медиумите во дворецот Чанкаја, премиерот Јилдирим рече:

Треба прецизно да се утврдат сите оние кои што директно учествуваа во обидот за воен удар и оние кои зедоа улога во позадината и подготвувањето на инфраструктурата на планот и истите да се предадат на правдата.

Опозиционите партии, Републиканската народна партија (ЏХП) и Партијата за национално движење (МХП) покажаа многу јасен став против обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули.

Во Турција настапи период на меѓусебна солидарност за демократија против воениот удар, тенковите, оружјето, рече Јилдирим и потенцираше дека лидерите на опозиционите партии веднаш по случувањата не побараа, ни изразија поддршка која продолжи и по обидот за воен удар. Единството кое се роди ќе го чуваме како зеницата во окото, бидејќи дадовме ветување на милиони граѓани.



Слични вести