Допис од Обвинителството на Истанбул до САД за апсење на Ѓулен

Во Турција се води истрага против сите припадници на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО/ПДЈ)

551300
Допис од Обвинителството на Истанбул до САД за апсење на Ѓулен

Обвинителството на Истанбул, дописот во врска со барањето за апсење на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичка терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) кој ја издаде наредбата за извршување на обидот за воен удар на 15 јули, го испрати до Министерството за правда со чие посредство ќе биде испратено до надлежните американски власти.

Во дописот кој беше подготвен од страна на Џан Тунџај, обвинителот на Одделот за истрага на тероризам и организиран криминал на обвинителството на Истанбул, кој беше сипратен до Дирекцијата за меѓународно право и надворешни односи при Министерството за надворешни работи со чие посредство ќе се достави до надлежните правосудни органи на САД, беше потсетено дека во Турција се води истрага против сите припадници на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО/ПДЈ) која на 15 јули се обиде да изврши воен удар против Владата на Република Турција.

Во дописот се истакнува дека во рамките на истрагата беше утврдено дека обидот за воен удар беше извршен со инструкција на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката ФЕТО/ПДЈ.

Затоа, поради обид за отстранување на Владата на Република Турција или спречување за вршење на должноста,  атентат врз претседателот, отстранување на Големото национално собрание на Турција или спречување за вршење на должноста, укинување на уставниот поредок, оштетување на јавна сопственост, оштетување на сопственост, ранување, убиство со умисла на лице поради извршување на јавната должност, убиство од револт, лишување на лица од слобода поради примена на сила, закана или измама, Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО кој се наоѓа во САД, пред да се испрати барање за екстрадиција на Република Турција, согласно 10-от член на Договорот за меѓусебна правна помош и екстрадиција на сторителите на кривични дела меѓу Турција и САД, се доставува барање за негово апсење.



Слични вести