Палестинската поддршка на Турција во борбата против ФЕТО, јасен показател за длабоката поврзаност

Силната турска поддршка на Палестинската кауза и народот ќе продолжи и во иднина со поголем раст

550405
Палестинската поддршка на Турција во борбата против ФЕТО, јасен показател за длабоката поврзаност

Премиерот Бинали Јилдирим рече дека новата испорака на хуманитарна помош од Турција на Газа се планира да се оствари во текот на претстојниот месец.

Премиерот Јилдирим во претседателскиот дворец Чанкаја го прими палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки.

Во говорот што го одржа на приемот, премиерот Јилдирим рече дека поддршката на Палестинскиот народ и државата на Турција во борбата против гнасниот обид за воен удар претставува јасен показател за длабоката поврзаност и заедничката судбина меѓу палестинскиот и турскиот народ.

Силната турска поддршка на Палестинската кауза и народот ќе продолжи и во иднина со поголем раст, рече Јилдирим и потенцираше дека новата испорака на хуманитарна помош што ќе ја испрати Турција, се планира да се реализира во септември по повод празникот Курбан бајрам.

Турција ќе продолжи со доставување помош на настраданите Палестинци, рече Јилдирим и подвлече на значењето што го придава Турција на заштитата на Палестинското национално единство.

Ријад Малки рече дека Палестинската држава и народот се спротивставија на обидот а воен удар на 15 јули во Турција и дека силно го поддржуваме турскиот народ и владата.

Турската поддршка на палестинската кауза е многу значајна за Палестинската држава и народот, рече Малки и изрази голем респект како за поддршката така и хуманитарната помош што ја доставува Турција.

Палестинскиот министер за надворешни работи Малки се состана и со министерот Мевљуд Чавушоглу.

На заедничката прес конференција што беше одржана по средбата, министерот Чавушоглу рече дека во текот на процесот на нормализирање на односите со Израел, Турција ќе продолжи со испраќањето хуманитарна помош на Палестина и Газа.

Чавушоглу изрази благодарност на претседателот Махмуд Абас и палестинскиот народ за поддршката и солидарноста во борбата против Фетулахистичката терористичка организација / паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) и нејзиниот обид за воен удар на 15 јули.

Турција во однос на израелско-палестинскиот конфликт секогаш е на страната на изнаоѓање решение кое ќе се базира на две бизонални држави, рече Чавушоглу и подвлече дека и во иднина, нашите напори ќе бидат насочени во тој правец.

За признавање на палестинската држава од страна на поголем број држави во светот, ќе продолжат заедничките напори, рече Чавуошглу и додаде дека денес 137 земји ја признаваат независната држава палестина. Секако дека оваа бројка треба уште повеќе да се зголеми.

Палестинскиот министер за надворешни работи Малки рече дека меѓу Турција и Палестина постои силна врска која ги поврзува народите на двете земји.

Малки потсети на идејата за формирање заеднички Совет на министри меѓу Турција и Палестина и рече дека со формирањето на оваа устаниова, мислам дека ќе дојде до поглем и сеопфатен развој на односите меѓу двете земји. На тој начин односите меѓу двете земји ќе можеме да ги искачиме на повисоко ниво.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки беше примен и од страна на претседателот на Големото национално собрание на Турција, Исмаил Кахраман.



Слични вести