Во терористичките напади во Дијарбакир и Мардин животот го загубија 8 лица

Во реализираните терористички напади со возила-бомби вчера во градот Дијарбакир и кај градот Мардин животот го загубија 8 лица од кои еден полицаец и 7 цивили

549571
Во терористичките напади во Дијарбакир и Мардин животот го загубија 8 лица

Во реализирани терористички напади со возила-бомби од страна на припадници на сеператистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Сур во градот Дијарбакир и населеното место Кизилтепе кај градот Мардин животот го загубија 8 лица од кои еден полицаец и 7 цивили.

Терористи на ПКК реализираа напад со возило-бомба во моментот на поминување на полициско сервис возило во близина на историскиот мост со 10 полутркалезни лакови  (On Gözlü Köprü) во населеното место Сур во градот Дијарбакир.

Во нападот животот го загубија 5 лица од кои две деца, а 12 лица беа ранети.

Во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин пак во моментот на поминување на полициско сервис возило беше експлодирано возило-бомба поставено на крајот на патот од страна на припадници на терористичката организација ПКК.

Во овој напад животот го загубија 3 лица од кои еден полицаец и двајца цивили, а 30 лица од кои 5 полицајци беа ранети.

Во експлозијата беше причинета голема штета во голем број куќи и работни места.

Продолжува операцијата во областа поддржана и од воздух за фаќање на терористите.



Слични вести