Поддршка од Берн на Анкара: Швајцарија стои покрај Турција против воениот удар

Потсекретарот на швајцарското министерство за надворешни работи Ив Росиер истакна дека турскиот народ ноќта на 15 јули бестрашно излезе на улиците, дека затоа воениот удар беше неуспешен и дека Швајцарија стои покрај Турција против воениот удар

550044
Поддршка од Берн на Анкара: Швајцарија стои покрај Турција против воениот удар

Швајцарија истакна дека ставот на турската влада кон пучистите е правилен, додека „заканувачки“ и „агресивните“ изјави против Турција се погрешни.

Потсекретарот на швајцарското министерство за надворешни работи Ив Росиер даде интервју за швајцарските весници „Тагес Анцајгер“ и „Дер Бунд“ каде што се осврна на обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули, ставот на турската влада кон пучистите и мерките што ги презема.

На прашањето дали загрижуваат мерките кои што ги презема турската влада по обидот за воен удар Росиер рече: „Ердоган се обидува да ја исчисти својата земја и тое не треба да се омаловажува. Напуштањето на правната држава ќе значеше катастрофа. Владејачката партија Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) и опозиционите партии се обединија против воениот удар и одговорот што му се дава на воениот удар е нормален. Воениот удар е катастрофа. Замислете армијата во Швајцарија да го нападнеше собранието. Ќе беше одговорено на ист начин и ќе имаше апсења.“

Привлекувајќи внимание на тоа дека турскиот народ ноќта на 15 јули бестрашно излезе на улиците и затоа воениот удар беше неуспешен, Росиер нагласи дека Швајцарија стои покрај Турција против воениот удар и напомена дека дијалогот со Турција треба да продолжи. 

Росиер го рече и следното: „Турција во последните години и особено за време на власта на АК Партијата и Ердоган забележа голем напредок и стана модерно општество.“



Слични вести