Француските медиуми продолжуваат со својата арогантност кон Турција

Списанието „Ле Пуан“ во својот последен број на својата корица ја истакна фотографијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и воедно подготви напис под наслов „Турција: Земјата која го плаши Западот“

550169
Француските медиуми продолжуваат со својата арогантност кон Турција

Француските медиуми кои никако не можат да го прифатат јунаштвото што го покажа турскиот народ за време на обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ продолжуваат со објавување на вести во врска со Турција во кои ги пречекоруваат сите граници на учтивост и ја изнесуваат својата арогантност.

Списанието „Ле Пуан“ во својот последен број на својата корица ја истакна фотографијата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и воедно подготви напис под наслов „Турција: Земјата која го плаши Западот“.

Во написот повторно се упатуваат безброј неправедни критики против Турција.

Ова списание прави еднострана проценка на случувањата по обидот за воен удар, а освен тоа дури се осмелува да ги критикува притворите и апсењата на пучистите.

Ова арогантно списание не останува ниту со тоа и на анкетата што ја спроведува преку својата интернет страница го упатува прашањето „Дали ве плаши Ердогановата Турција?“, меѓутоа не го наоѓа очекуваното од ова провокативно прашање.

Над 100 илјади читатели кои учествувале на оваа анкета со процент од над 60-отсто на ова прашање го дава одговорот „НЕ“. 

Оние кои сакаат да учествуваат на оваа анкета за која се гласа со најголем број учесници меѓу сите досега спроведени анкети можат слободно да го означат одговорот „Non“ на следната интернет адреса на списанието „Ле Пуан“: http://www.lepoint.fr/sondages-oui-non/la-turquie-d-erdogan-vous-fait-elle-peur-10-08-2016-2060195_1923.php



Слични вести