Во терористички напади кај Ширнак и Дијарбакир животот го загубија 6 војници

Во терористички напади кај градовите Ширнак и Дијарбакир животот го загубија 6 војници, а дестина војници се ранети од кои некои потешко

549039
Во терористички напади кај Ширнак и Дијарбакир животот го загубија 6 војници

Во моментот на поминување на воено возило дојде до експлозија на експлозивна направа од рачна изработка поставена на патот од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Бејтушшебап во округот Ширнак.

Во кукавичкиот напад животот го загубија четворица војници, а 9 војници се ранети.

Нападот беше извршен на воено возило во кое се наоѓаa војници кои одеa на задача на граничниот премин Хабур-2 на турско-ирачката граница.

Како што се истакнува здравствената состојба на некои од ранетите војници e тешка.

Веднаш по експлозијата терористите отворија оган врз военото возило и со рачни минофрлачи и автоматско оружје од северниот дел на Ирак.

По нападот во областа беа испратени безбедносни сили и беше започната операција од широки рамки во подрачјето.

Во меѓувреме во кукавички напад реализиран од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кај градот Дијарбакир животот го загубија двајца војници, а двајца војници се ранети.

За време на операциите против терористичката организација ПКК во руралните подрачја на Лиџе-Кулп во округот Дијарбакир од страна на група терористи беше реализиран напад со автоматско оружје врз безбедносните сили по што дојде до вооружена престрелка.

Во првиот отворен оган од страна на терористите животот го загуби еден војник, а тројца војници беа ранети.

Ранетите војници беа префрлени на лекување во Воената болница во Дијарбакир, меѓутоа и покрај сите напори на лекарите еден војник им подлегна на раните и го загуби својот живот.

Операциите на безбедносните сили во подрачјето продолжуваат.

Во руралните подрачја на градот Тунџели пак беше реализирана воздушна операција во која беа уништени 4 цели на терористичката организација ПКК.



Слични вести