Линас Линкевичус се состана со амбасадорката на Турција во Вилнус Ајдан Јаманџан

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичус истакна дека неговата земја со одлучност ја поддржува Турција

549412
Линас Линкевичус се состана со амбасадорката на Турција во Вилнус Ајдан Јаманџан

Министерот за надворешни работи на Литванија Линас Линкевичус во зградата на министерството за надворешни работи во Вилнус се состана со амбасадорката на Турција во оваа земја Ајдан Јаманџан.

Линкевичус истакна дека неговата земја со одлучност ја поддржува Турција.

На средбата беше разговарано и за обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ како и за случувањата потоа.

Линкевичус истакна дека Литванија го поддржува процесот на членство на Турција во ЕУ и рече: „Турција како земја членка на НАТО одигрува значајна улога во воспоставувањето на трансатлантската безбедност. Турција дава придонес во значајна мера и по прашањето на борбата против значајните меѓународни закани како што се тероризмот и илегалната миграција.“

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичус додаде дека неговата земја е подготвена да и помогне на Турција.



Слични вести