Кукавички терористички напади со возила-бомби во Мардин и Дијарбакир

Од страна на терористичката организација ПКК се реализирани напади со возила-бомби во Кизилкаја во округот Мардин и во Сур во градот Дијарбакир во кои животот го загубија 7 цивилни лица и еден полицаец, а десетици лица се повредени

549459
Кукавички терористички напади со возила-бомби во Мардин и Дијарбакир

Во реализиран кукавички терористички напад од страна на припадници на сеператистичко-терористичката организација ПКК во населеното место Кизилтепе во округот Мардин  животот го загубија 3 лица од кои еден полицаец и двајца цивилни лица.

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала истакна дека во реализираниот терористички напад во близина на Државната болница 19 лица се ранети од кои 6 полицајци.

Министерот Ала рече: „Терористичките организации во соработка напаѓаат за да ја потресат Турција која е стабилна земја во регионот, меѓутоа заедно со нашиот народ пребродивме голем број тешкотии и се справуваме и ќе се справиме со овие проблеми.“

По некаде околу 35-40 минути по експлозијата во насленото место Кизилтепе во округот Мардин, во моментот на поминување на полициско сервис возило во близина на историскиот мост со 10 полутркалезни лакови (On Gözlü Köprü) во населеното место Сур во градот Дијарбакир.

Во овој кукавички напад со возило-бомба животот го загубија 5 цивили, а 13 лица се повредени од кои 5 полицајци. 

На местото на нападот се преземени строги безбедносни мерки и е започната операција во областа.

Терористичките напади и во Кизилтепе кај градот Мардин и во Сур во градот Дијарбакир беа реализирани со возила-бомби.

Во реализираниот напад утрово од страна на припадници на терористичката организација ПКК и во населеното место Бејтушшебап во округот Ширнак животот го загубија четворица војници.



Слични вести