Интервју на министерот за ЕУ Омер Челик за британски „Фајненшл Тајмс“

Министерот за ЕУ Омер Челик истакна дека не би било рационално во период кога постојат терористички групи кои реализираат напади во Турција да се направи измена во законот за борба против тероризмот онака како што бара ЕУ

549319
Интервју на министерот за ЕУ Омер Челик за британски „Фајненшл Тајмс“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик во интервју за британскиот весник „Фајненшл Тајмс“ говореше за законот за борба против тероризмот.

Челик истакна дека не би било рационално во период кога постојат терористички групи кои реализираат напади во Турција да се направи измена во законот за борба против тероризмот онака како што бара ЕУ.

„Нема да биде рационално да направиме одредена промена во законот за борба против тероризмот во оваа точка кога постојат ПКК, ДЕАШ и други групи кои реализираат напади.“ - рече Омер Челик.

Во врска со договорот за реадмисија меѓу Турција и ЕУ, министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик истакна дека Турција треба да ги исполни одговорностите кои што и претстојат нејзе, меѓутоа додаде дека нема да прифати начин на приод во кој ЕУ вели дека нема да го направи она што и претстои.



Слични вести