Ердоган и Путин се договорија за обновување на меѓусебните односи

Претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин на историската средба во Санкт Петербург се одлучија за обновување на односите помеѓу двете земји и нивно издигнување на повисоко ниво и од порано пред авионската криза

548703
Ердоган и Путин се договорија за обновување на меѓусебните односи

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Санкт Петербург оствари средба лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин.

Потоа двајцата лидери учествуваа на состанокот на Турско-рускиот деловен свет.

Претседателот Ердоган истакна дека како што може да се разбере Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ сакаше да влијае негативно и на турско-руските односи.

Ердоган соборувањето на рускиот воен авион на 24 ноември го окарактеризира како „трагичен настан“ и рече: „Надвисна како сенка над нашите односи.“

Претседателот Ердоган нагласи дека се одлучни за искористување на поефикасен начин за регионот на потенцијалот помеѓу двете земји.

Велејќи дека се има за цел обемот на трговската соработка помеѓу двете земји да се зголеми на 100 милијарди долари, Ердоган истакна дека постоечките проекти како што се Турски тек и нуклеарната централа Аккују ќе бидат ставени во најскоро време и ги повика руските бизнисмени да реализираат нови инвестирања во Турција.

Ердоган воедно најави дека ќе биде формиран и Заеднички инвестиционен фонд и дека соработката ќе се прошири опфаќајќи ја притоа и одбранбената индустрија.

Домаќинот рускиот претседател Владимир Путин пак нагласи дека посакуваат економските и трговските односи со Турција да го долови нивото од пред авионската криза и да се зголеми дури и на повисоко ниво од порано.

Велејќи дека Русија е најдоверлива земја од аспект на испораката на природен гас Путин додаде дека неговата земја исто така посакува да ја зголеми соработката и во сегторот на градежништвото.

Рускиот лидер Владимир Путин подвлече дека ќе започнат и рабоитите за враќање кон безвизен режим помеѓу двеет земји.



Слични вести