Еден од генералите-пучисти побара азил во САД

Поранешниот вице-адмирал Мустафа Зеки Угурлу кој бил на задача во базата на НАТО Норфолк во сојузната држава Вирџинија во САД и за кого била издадена наредба за фаќање по обидот за воен удар не се вратил во Турција и побарал азил од американските власти

549129
Еден од генералите-пучисти побара азил во САД

Поранешниот вице-адмирал Мустафа Зеки Угурлу за кого во рамките на истрагата во врска со Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ е издадена наредба за фаќање и за кого по обидот за воен удар на 15 јули беше донесена одлука за отпуштање од Турските вооружени сили (ТВС), побара азил во САД. 

Според добиени информации поранешниот вице-адмирал Мустафа Зеки Угурлу кој бил на задача во сојузната држава Вирџинија во САД по обидот за воен удар не се вратил во Турција и побарал азил од американските власти. 

Во врска со Угурлу кој е во бегство и кој бил на задача во базата на НАТО во Норфолк се дознава дека на 22 јули ја напуштил базата на која се наоѓал на задача и повеќе не можеле да се добијат информации за него.

Републичкиот главен јавен обвинител на Измир Окан Бато согласно добиените документи и истрагата во врска со неправилностите во истрагата за воена шпионажа во Измир и незаконското објавување на некои информации, започна истрага во врска со вгнездувањето на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ во Турските вооружени сили (ТВС). 

Окан Бато од чија страна беше донесена одлука за притворање во врска со 24 лица меѓу кои се наоѓаат и Фетулах Ѓулен и некои други високи раководители на ФЕТО/ПДЈ исто така испрати наредба до Генералштабот да бидат донесени во Јавното обвинителство и 6 мина воени лица на активна должност од кои двајца адмирали. 

Во тие рамки не можеше да му се земе изјавата на вице-адмиралот Мустафа Зеки Угурлу за кого беше донесеа одлука за приведување.



Слични вести