Руските медиуми ги следат во чекор средбите помеѓу Ердоган и Путин во Санкт Петербург

Средбата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург уште од првиот момент беше следена во чекор и и беше одделено широко место во руските медиуми

548657
Руските медиуми ги следат во чекор средбите помеѓу Ердоган и Путин во Санкт Петербург

Руските телевизиски канали, новинските агенции и информативните портали на интернет во текот на целиот ден уште од првиот момент информираа за сите случувања по доаѓањето на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Санкт Петербург.

Руските медиуми детално им одделија место и на изјавите на Ердоган и Путин по одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот и нивната средба лице в лице.

Руската новинска агенција „Тас“ веста во врска со деталите на одржаната заедничка конференција за претстваниците на печатот ја објави под насловот „Мојот пријател Путин“ инаку зборови кои што претседателот Ердоган за време на својот говор ги употреби за рускиот лидер Владимир Путин.

Новинската агенција „Интерфакс“ на преден план го изнесе зборот „мојот пријател“ кој што Ердоган го изговори за Путин и притоа во веста што ја објави укажа на потенцијалот на нормализирање на односите помеѓу двете земји.

„Риа“ во својата вест што ја објави веднаш по одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот го употреби насловот „Турски тек, Чартер и Сирија: Путин и Ердоган ја соопштија нивната заедничка цел.“

Во веста објавена на интернет страницата на рускиот весник „Комсомолскаја Правда“ беше истакнато дека Путин и Ердоган сакаат да бидат обновени односите помеѓу двете земји.

Рускиот весник „Росискаја Газета“ веднаш на крајот на заедничката конференција за претставниците на печатот ја сподели со своите читатели веста под наслов „Путин средбата со Ердоган ја окарактеризира за значајна и конструктивна“

„Спутник“ средбата помеѓу Ердоган и Путин ја објави со зборовите „Историски самит во Санкт Петербург“.

Руската државна телевизија „Росија 24“ пак случувањата пред и по средбата  лице в лице, како и остварените разговори и заедничката конференција за претставниците на печатот и ги соопшти на јавноста со емитување во живо и со известување од дописници и експерти.



Слични вести