Претседателот Ердоган замина за Санкт Петербург на средба со Путин

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган замина за Санкт Петербург каде што ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин

548128
Претседателот Ердоган замина за Санкт Петербург на средба со Путин

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган со специјалниот авион „ТУР“ во 10:00 часот според турско време замина за рускиот град Санкт Петербург каде што ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.

Од аеродромот Есенбога во Анкара претседателот Ердоган беше испратен од страна на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман, министерот за одбрана Фикри Ишик, валијата на Анкара Мехмет Киличлар и градоначалникот на Анкара Мелих Ѓокчек.

Во придружба на претседателот Ердоган за Санкт Петербург заминаа и потпретседателот на владата Мехмет Шимшек, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за култура и туризам Наби Авџи, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за храна, земјоделство и сточарство Фарук Челик, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, потпретседателот на АК Партијата Мехди Екер и потсекретарот на Насионалната разузнавачка служба МИТ Хакан Фидан.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули својата прва надворешна посета ја остварува на Русија каде што ќе се состане за прв пат со рускиот претседател Владимир Путин по случајот со соборување на рускиот воен авион.

Двајцата лидери ќе се состанат во Санкт Петербург, во родното место на Путин.

Ердоган и Путин најпрвин ќе се состанат во 13:00 часот според турско време, а потоа ќе се премине на разговори помеѓу делегациите на двете земји.

Во 16:00 часот според турско време двајцата претседатели Ердоган и Путин ќе се појават пред камерите и ќе одржат заедничка конференција за претставниците на печатот.

Потоа Ердоган и Путин ќе им се обратат и на бизнисмените на двете земји.



Слични вести