Граѓаните во целава земја и натаму продолжуваат со „дежурството за демократија“

Граѓаните во Анкара и другите градови извикуваа „Хероите не умираат, татковината не може да се подели“

547971
Граѓаните во целава земја и натаму продолжуваат со „дежурството за демократија“
Meydanlardaki demokrasi nöbeti sürüyor2.jpg
Meydanlardaki demokrasi nöbeti sürüyor1.jpg

Во знак на протест против обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули, граѓаните во целава земја продолжуваат со „дежурството за демократија“.

Вчера во Анкара голем број граѓани повторно се собраа на плоштадот Кизилај и учествуваа на дежурството за демократија.

Изведбата на воениот оркестар на градската заедница на Анкара „Мехтер“ ги развесели граѓаните кои во рацете носеа турски знамиња и плакати против обидот за воен удар на турски и англиски.

Граѓаните кои се собраа пред претседателскиот дворец, преку џиновскиот екран ги проследија сцените од ноќта кога беше доживеан обидот за воен удар и извикуваа слогани „Хероите не умираат, татковината не може да се подели“.

Илјадници граѓани кои се собраа на плоштадот „Таксим“ во Истанбул ги слушаа маршевите и песните кои се интерпретираа на „бината на демократијата“ која беше поставена од страна на општината Бејоглу.

Граѓаните извикуваа слогани „Стои цврсто, не се наведнувај, народот е со тебе“ и ги проследија фотографиите од ноќта кога беше извршен обид за воен удар, а кои беа прикажани преку џиновскиот екран.

На плоштадот Конак во Измир, од 15 јули наваму, граѓаните од сите слоеви кои се собираат на плоштадот со турски знамиња во рацете, во придружба на песни и маршеви извикуваа слогани против терористичката организација ФЕТО.

На дежурството за демократија беа отворени транспаренти на кои пишуваше: „Ако умреме, да умреме како луѓе“, „Дежураме во 81 град“, додека на џиновските екрани беа емитувани снимки на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим од ноќта на 15 јули, кога беше извршен обид за воен удар.

Граѓаните на Батман со турски знамиња во рацете продолжуваат со дежурството за демократија на улицата Адалет (Правда).

Манифестацијата која започна со читање молитви од светата книга Куранот, продолжи со илахии на турски, курдски и арапски јазик.

Граѓаните во Гиресун исто така продолжија со дежурството за демократија на плоштадот Ататурк. Членовите на невладините организации држеа дежурство за демократијата во шаторите кои ги поставија на плоштадот.



Слични вести