Од Ердоган до ЕУ: Ако нема визна либерализација, нема да продолжи и договорот за бегалците

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за високотиражниот француски весник „Ле Монд“ рече: „Ако нема визна либерализација, нема да продолжи и договорот за бегалците“

547559
Од Ердоган до ЕУ: Ако нема визна либерализација, нема да продолжи и договорот за бегалците

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган изјави за високотиражниот француски весник „Ле Монд“ дека доколку не се обезбеди визна либерализација за турските граѓани нема да продолжи ниту договорот за реадмисија кој беше потпишан со ЕУ во март.

Ердоган рече: „Ако нема визна либерализација, нема да продолжи и договорот за бегалците“. 

Претседателот Ердоган истакна дека Западот ја остави сама Турција за време на обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Велејќи дека ЕУ не се однесува искрено кон Турција, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека визната либерализација за турските граѓани требаше да се применува уште почнувајќи од 1 јуни, но рече дека ова ветување не беше одржано.



Слични вести