Митингот во Јеникапи во Истанбул зазеде широко место во европските медиуми

Европските медиуми иму одделија широко место на Митингот за демократија и шехидите во Јеникапи во Истанбул на кој учествуваа 5 милиони лица од сите средини на општеството и на кој се состана власта и опозицијата

547096
Митингот во Јеникапи во Истанбул зазеде широко место во европските медиуми

Историскиот Митинг на демократијата и шехидите во Јеникапи во Истанбул на кој учествуваа 5 милиони турски граѓани од сите средини на општеството наиде на широк одек и во европските медиуми.

Британскиот информативен сервис „ББС“ историскиот митинг во Јеникапи во Истанбул на кој се состанаа власта и опозицијата го соопшти со насловот „Голем митинг во Турција против воениот удар“.

Ројтерс напиша „Стотици илјади Турци на повик на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се собираат за проколнување на обидот за воен удар кој резултираше со неуспех.“

Митингот на демократијата и шехидите широоко одекна и во италијанските медиуми.

Високотиражниот италијански весник „Кориера Дела Сера“ преку својата интернет страница го пренесуваше во живо митингот.

Италијанскиот телевизиски ланал Раињус24 исто така со посредство на својот дописник често пренесуваше во живо од митингот и ја пренесе на италијанската јавност веста како најзначаен настан. 

Францускиот весник „Ле Фигаро“ настанот им ја соопшти на своите читатели преку својата интернет страница со насловот „Џиновски митинг во Истанбул“. Во веста беше нагласено дека милиони луѓе се состанаа за последен пат и ја изнесоа својата реакција против обидот за воен удар. 

Францускиот телевизиски канал „Франс 24“ соопшти дека турскиот народ на повик на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се собра за изнесување на својата реакција против обидот за воен удар.

Француското списание „Ле Пуан“ пак на својата интернет страница истакна дека на последниот ден од митинзите кои што се одржуваат веќе три недели во Турција учествуваа сите политички лидери 

Германски „Шпигел“ на својата интернет страница го истакна насловот „Голем митинг во Истанбул“, додека германскиот весникот „Франкффуртер Рундшау“ на својата интернет страница привлече внимание дека во Истанбул беше одржан голем митинг во знак на протест против обидот за воен удар и дека на овој митинг учествуваа и опозиционите партии.

Германскиот весник „Реинише Пост“ пак нагласи дека овој митинг е најголемиот одржан митинг досега во Истанбул.

Белгискиот телевизиски канал „ВТМ“ кој емитува на фламански истакна дека на митингот во Јеникапи учествуваа 3 милиони Турци и соопшти дека Јеникапи се претвори во море од луѓе и дека митингот поради големиот број турски знамиња се претвори во црвено.

Јавниот телевизиски сервис кој емитува на француски „РТБФ“ пак соопшти дека просторот на митингот беше исполнет уште пред 2 часа. Во веста на „РТБФ“ беше истакнато дека митингот се следи преку поставени џиновски екрани во сите градови и дека еден џиновски екран е поставен и во Пенсилванија каде што живее челникот на терористичката организација ФЕТО Фетулах Ѓулен.

Австриската државна телевизија „ОРФ“ во веста „На митингот во Истанбул се собраа стотици илјади лица“ истакна дека на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на митингот против воениот удар се собраа стотици илјади лица 

Австрискиот весник „Куриер“ пак на својата интернет страница напиша дека  на митингот во Јеникапи учествуваа стотици илјади лица и беа на задача приближно 15 илјади полицајци.



Слични вести