„Вистинска цел на терористичката ФЕТО беше да ја доведе земјата во отворена состојба на окупација“

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш истакна дека вистинска цел на терористичката организација ФЕТО беше да ја доведе земјата во отворена состојба за окупација

546772
„Вистинска цел на терористичката ФЕТО беше да ја доведе земјата во отворена состојба на окупација“

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш беше гостин во програмата на еден приватен телевизиски канал каде што направи проценка на обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ ноќта на 15 јули.

Куртулмуш истакна дека вистинска цел на терористичката организација ФЕТО беше да ја доведе земјата во отворена состојба за окупација. 

Нагласувајќи дека обидот за воен удар беше одбиен од страна на народот и дека со уредбите со законска сила во склопот на воведената вонредна состојба ќе полагаат сметка пред правдата оние кои се замешани во обидот за воен удар, Нуман Куртулмуш потсети дека народот треба да биде спокоен и дека парламентот ќе биде доведен во положба на гаранција за функционирање на народната волја. 

Куртулмуш рече: „Уште еднаш овие луѓе не ќе можат да ги земат в рака овие оружја и авиони. Оваа работа е завршена. Турција докажа дека не е земја во која припадниците на само неколку банди кои се обединети би можеле да извршат воен удар.“

Напоменувајќи го и тоа дека се покажува доста внимателно однесување по прашањето на изнесување на членовите на терористичката организација ФЕТО пред суд, Нуман Куртумуш рече: „Наоѓаме низа критериуми и мерки. Луѓето чија комуникација со оваа организација е утврдена тие секако ќе ја издржат својата казна и ќе бидат отстранети од државните институции.“ 

Потпретседателот на владата Нуман Куртулмуш укажа на тоа дека целта на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО беше да доведе до граѓанска војна, да ја распарчи и доведе во нефункционална положба политиката и да ја доведе земјата во отворена состојба за окупација. 



Слични вести