Просторот за митинг во Јеникапи во Истанбул подготвен за големиот Митинг за демократија и шехидите

На овој голем митинг во Јеникапи во Истанбул на кој се очекува да учествуваат над 3 милиони учесници ќе биде дадена порака за единство и сплотеност против предавничкиот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО ноќта на 15 јули

546441
Просторот за митинг во Јеникапи во Истанбул подготвен за големиот Митинг за демократија и шехидите

Просторот за митинг во Јеникапи во Истанбул подготвен за големиот Митинг за демократија и шехидите...

По дежурствата за чување на демократијата кои што траат со денови по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ ноќта на 15 јули, финалето ќе се одржи денеска на просторот за митинг во Јеникапи во Истанбул.

На овој голем митинг кој ќе започне во 17:00 часот според турско време и на кој се очекува да учествуваат над 3 милиони учесници ќе биде дадена порака за единство и сплотеност против воениот удар.

На историскиот митинг што ќе се одржи под покровителство на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган ќе учествуваат и премиерот и претседател на владејачката АК Партија Бинали Јилдирим, претседателот на Републиканската народна партија (ЏХП) Кемал Киличдароглу и претседателот на Партијата за националистичко движење (МХП) Девлет Бахчели. 

На просторот за митинг во Јеникапи ќе присуствува и воениот врв на чело со началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар и командантите на армиските родови, а исто така се очекува големо учество и од светот на уметноста и спортот.

За овој голем митинг на кој ќе учествуваат претставници од сите средини на општеството се преземени безбедносни мерки од широки рамки така да на просторот за митинг во Јеникапи безбедноста ќе ја воспоставуваат 15 илјади полицајци, како и 15 илјади припадници од секторот за обезбедување.

Учесниците кои ќе допатуваат за митингот пред да влезат во просторот за митинг ќе бидат примени од 3 главни врати, додека за хендикепираните лица се утврдени одделни места за влегување.

За превоз до Јеникапи се обезбедени 7 илјади автобуси, а исто така ќе се обезбедува превоз од 12 места и од страна на морето.

Во текот на денот ќе сообраќаат 50 поморски превозни средства.

На просторот за митинг ќе бидат на задача 728 здравствени работници.

За време на митингот ќе приреди концерт и турскиот воен оркестар Мехтер составен од 239 членови кои ги симболизираат 239-те жртви-шехиди за време на предавничкиот обид за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ ноќта на 15 јули.



Слични вести