Победата е на тие кои имаат доверба во демократијата,победата е ваша

Појавата на генерал на армија Хулуси Акар началник на Генералштабот на Турските вооружени сили, со овации беше пречекано на митингот на демократијата и шехидите

546986
Победата  е на тие кои имаат доверба во демократијата,победата е ваша

 Појавата на генерал на армија Хулуси Акар началник на Генералштабот на Турските вооружени сили, со овации беше пречекано од страна на насобраните граѓани на Митингот на демократијата и шехидите во Јеникапи во Истанбул.

Генерал Акар рече дека народот го даде адекватниот одговор на 15 јули на групата вооружени терористи на терористичката организација ФЕТО/паралелна државна структура кои инфилтрирани во редовите на славната турска армија го зададоа најголемиот срам досега невиден во историјата на турскиот народ,посегнувајќи по татковината и народот.

Јас ја земам силата од тоа што увидувам дека народот прави разлика меѓу огромното мнозинство на храбрите припадници на турската армија и малубројните злосторници инфилтрирани во армијата.

Сега тука пред вас ви велам дека стојам цврсто на својата позиција Началник на генералштабот на турските вооружени сили, спремен да одговорам на сите наредби на државата.

Генерал Акар говорот го заврши со следните зборови:победата на тие кои имаат доверба во демократијата,победата е ваша.



Слични вести