Овој народ се определи за славна смрт,наместо за неславен живот

...беше пораката на премиерот бинали Јилдирим на Митингот на демократијата и шехидите

547016
Овој народ се определи за славна смрт,наместо за неславен живот

Премиерот Бинали Јилдирим говорот го започна со поздрав до претседателите на опозиционите партии и членовите и симпатизерите на нивните партии кои го исполнија плоштадот во Јеникапи, Истанбул.

Ги поздравувам сите ,како сите присутни на овој грандиозен митинг така и сите на митинзите во сите градови ширум Турција. Ги поздравувам и сите граѓани кои што се собраа на митингот за поддршка во Турската Република Северн Кипар.

15 јули ќе остане запаметен како Втора народно ослободителна војна на турскиот народ. Овој народ се определи за славна смрт,наместо за неславен живот.

Јилдирим додаде дека ќе биде ставено крај на напорите на терористичката организација ПКК за сеење на семето на злото меѓу народот. 15 јули е ден кога Турција се исчисти од сите штетни микроби,но тоа нема да биде се, ќе бидат ликвидирани сите елементи кои предизвикуваат грижа или неспокој кај граѓаните на Турција.

Премиерот Јилдирим на крајот од говорот вети дека челникот на терористичката организација ФЕТО ќе биде донесен во Турција и ќе одговара за предавството над турската држава и татковината.

 



Слични вести