Ердоган :турскиот народ нема да прифати ропство

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на бината на Митингот на демократијата и шехидите беше претставен како „силниот глас на народната воља“

547030
Ердоган :турскиот народ нема да прифати ропство

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на бината на Митингот на демократијата и шехидите беше претставен како „силниот глас на народната воља“.

Претседателот Ердоган говорот го започна со благодарност до турскиот народ заради храброста и пожртвуваноста дента на 15 јули кога беше извршен обид за воен удар врз легитимските власти во земјата. Ердоган уште еднаш се потсети на жртвите на обидот за воен удар,нив 240 за кои рече дека ја убија смртта.

Турскиот народ пред иљада години во славната битка на полето Малазгирт со вера во душата ги отвори вратите на Анадолија. Со истата оваа верба истиот тој народ настапи ноќта на 15 јули против пучистите и терористите.Тие исто така таа ноќ им порачаа на непријателите дека од сега натаму нивната работа ќе биде многу потешка.

Гледајќи ја оваа величествена слика вечерва овде во Јеникапи ,Истанбул сосема сум сигурен во тоа дека нашите непријатели сега во овие мигови умираат од мака. Но јас велам ете, токму оваа глетка е гарантот за иднината.

Веќе е време да се издигнеме над нивото на модерните општества. Оваа гетка е најдобриот доказ дека братството и единството не се само парола,туку дека кога е потребно тоа може да се постигне.Јас како ваш претседател се гордеам со вас сите.

Потсетувајќи дека Ататурк во далечната 1920 година кога се бореше против многу посилните окупатори, имаше речено дека турскиот народ нема да прифати странски окупатор, претседателот ердоган рече :ете точно 96 години после Гази Муста Кемал јас пак повторувам:турскиот народ нема да прифати ропство.

Ердоган на крајот рече дека ќе биде разгледано барањето на народот за враќање на смртната казна во Турција,заради казнување на предавниците кои удрија по народната воља на 15 јули и додаде дека доколку законот дојде пред него,тој лично ќе го потпише.



Слични вести