Во дворецот Чанкаја се доржа значаен безбедносен состанок

Главна тема на состанокот беше утрешниот „Митинг за демократијата и хероите“ кој се планира да се одржи во Јеникапи

546319
Во дворецот Чанкаја се доржа значаен безбедносен состанок

Под претседателство на премиерот Бинали Јидлирим во дворецот Чанкаја се одржа специјален безбедносен состанок.

На состанокот во официјалната резиденција на Владата учествуваа началникот на генералштабот, генерал на армија Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, министерот за национална одбрана Фикри Ишик, министерот за правда Бекир Боздаг, потсекретарот на Националната разузнавачка служба (МИТ) Хакан Фидан, командантот на жандармеријата Јашар Ѓулер и генералниот директор на полицијата Џелалетин Лекесиз.

Главна тема на тричасовниот состанок беше утрешниот „Митинг за демократијата и хероите“ кој се планира да се одржи во истанбулската населба Јеникапи.

Безбедносните мерки на утрешниот митинг на кој ќе учествуваат претседателот Реџеп Тајип Ердоган и лидерите на трите политички партии ќе бидат на највисоко ниво. На состанокот детално беа разгледани мерките кои ќе се преземат наспроти евентуалните закани.

Една друга значајна точка на состанокот беа чекорите што ќе се фрлат во борбата против терористичката организација Фетулахчи паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) по обидот за воен удар на 15 јули. Исто така беше направена проценка на мерките кои ќе се преземат наспроти евентуалните закани од внатре и надвор.

Последна точка на критичниот самит беше борбата против терористичките организации ПКК и ДЕАШ.



Слични вести