Силна поддршка од Казахстан на Турција во борбата против ФЕТО

Турција е против сите видови тероризам во светот и го подржува Казахстан

546103
Силна поддршка од Казахстан на Турција во борбата против ФЕТО

 

Училиштата на терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) ќе се исчистат од Казахстан.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган вчера со  виски државни почести го пречека првиот странски лидер, казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев кој допатува по обидот за воен удар на 15 јули од страна на терористичката организација Фетулајхчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ).

По свечениот пречек во претседателскиот дворец, двајцата претседатели одржаа тет-а тет средби.

На свечениот пречек учествуваа потпретседателот на владата Тугрул Туркеш и министерот за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу.

По тет-а тет средбата, претседателите Ердоган и Назарбајев одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган рече дека посетата на претседателот Назарбајев веднаш по обидот за воен удар на терористичката ФЕТО има мошне големо значење.

Овој обид за воен удар го откри вистинското лице на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, подмолните планови и суштинската намера. Терористичката организација ја злоупотреби добрата волја на народот, покојните поранешни претседатели Тургут Озал, Сулејман Демирел. Сега точно знаеме дека терористичката организација ФЕТО/ПДЈ не претставува само закана за Турција, туку за сите земји во кои се чувствуваше нивното влијание. Тоа сакам да се знае. Нашата душа гори, тагата и жалоста која ја доживеавме, разочарувањето на нашите браќа, не сакаме да ги доживеат нашите пријатели. Одлучни сме да одиме до крај во борбата против терористичката организација. Нашата борба ќе продолжи како во земјава така и надвор.

Ердоган го осуди терористичкиот напад во градот Актобе во акзахстан и рече дека остро го проколнува и осудува насилството.

Турција е против сите видови тероризам во светот и го подржува и ќе продолжи со поддршката на Казахстан и казахстанскиот народ.

Турција и Казахстан се две централни земји во повторно оживување на историскиот Пат на свилата рече претседателот Ердоган и потенцираше дека со иницијативата за заеднички коридор и проектите за транспортна логистика, како што Турција претставува порта која се отвора кон запад за Казахстан, така и Турција на Казахстан смета како на порта преку која ќе се отвори кон исток.



Слични вести