Митинг за поддршка на демократијата против обидот за воен удар во Лефкоша

Граѓаните кои таа ноќ по цена на своите животи излегоа на улиците и плоштадите, застанаа во одбрана на татковината

546349
Митинг за поддршка на демократијата против обидот за воен удар во Лефкоша
yildirim.jpg

Во Лефкоша (Никозија), главниот град на Турската Република Северен Кипар се одржа Митинг за поддршка на демократијата против воениот удар.

На митингот кој се одржа на плоштадот Сарајону со цел да се осуди обидот за воен удар и да се изрази поддршка на турскиот народ, учествуваа премиерот на ТРСК Хусејин Озѓурѓун, потпретседателот на владата Сердар Денкташ, 3-от претседател на ТРСК Дервиш Ероглу, потпретседателот на владата на Турција Тугрул Турќеш, амбасадорот на РТ во Лефкоша Дерја Канбај и претставници на голем број невладини организации.

Тугрул Турќеш во говорот што го одржа на митингот пред 10 илјади лица, ја прочита пораката на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во пораката на претседателот Ердоган беше истакнато:

Овој најподмолен, најкукавички обид за воен удар во историјата истовремено претставува терористички напад и обид за окупација на Турција. Но со вербата, душата, храброста, народот ја одбрани својата иднина и не дозволи униформираните терористи на ФЕТО кои се обидоа да извршат воен удар, да ја остварат својата цел.

Граѓаните кои таа ноќ по цена на своите животи излегоа на улиците и плоштадите, застанаа во одбрана на татковината против оружјето, тенковите и хеликоптерите. Тоа е пример на цврст став за одбрана на земјата за целиот свет, рече претседателот Ердоган.

Сите оние кои што сакаат да видат како се брани демократијата, правата и слободите нека погледнат на случувањата кои беа доживеани ноќта на 15 јули во Турција. Многу добро знаеме и свесни сме за вашата силна поддршка која ни ја пруживте таа ноќ со вашите души и молитви. Верувам дека нашите браќа од ТРСК ќе ни пружат силна поддршка во борбата против продолженијата на терористичката организација ФЕТО и нивното чистење од вашата земја, истакна претседателот Ердоган во пораката.

Премиерот Бинали Јилдирим на митингот учествуваше преку видео конференција и му се заблагодари на Кипарскиот народ за поддршката.

Премиерот Јилдирим во говорот рече дека обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи / паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) на 15 јули беше неуспешен како резултат на отпорот што го пружи народот кој остро се спротивстави на сите оние кои што сакаа да им ја одземат иднината.

Победи силата на народот. Ја користам оваа прилика да изразам посебна благодарност на Севернокипарските браќа. Споделивте исти чувства со нас, ја доживеавте и споделивте нашата тага. Уште од првиот момент на немилиот настан вашето вниманието беше свртено кон Турција. Ни испративте порака дека сте спремни да направите се што е во ваша можност. Драгиот и значаен премиер и брат г-дин Хусејин дојде во посета на Турција и ја изрази солидарноста, рече премиерот Јилдирим.

Тоа е братство. Се разбира во најтешките денови. Вие го направивте тоа и уште еднаш покажавте дека татковината и матичната земја меѓусебно се длабоко поврзани, исто како кожата и ноктот на прстите. Ви благодарам во името на целиот турски народ.

Како што овој настан предизвика сите 79 милиони граѓани на Турција, без оглед на нивното политичко определување да се сплотат и бидат заедно, како што сите граѓани земајќи ги знамињата во рацете излегоа на плоштадите во одбрана на татковината и држење дежурство за демократијата, истото се случи и на Кипар. Сите граѓани, без оглед на нивните бои, различни идеи, политички определувања , излегоа на плоштадите. Ние сме ист народ, без оглед на тоа што живееме а различни територии, бидејќи ние имаме едно исто знаме, јазик, вера. Воопшто не треба да се грижите. Да постои веројатност истото да се случи на Кипар, верувајте дека веднаш покрај вас, се наоѓа Турција, потенцираше премиерот Јилдирим.



Слични вести