Граѓаните во целава земја продолжуваат со „дежурството за демократија“

На „Бината за демократија“ формирана на плоштадот Таксим на граѓаните им се обратија историчарот и писателот проф. д-р Ерхан Афјонџу и новинарите Мурат Јеткин и Акиф Бекиm

545869
Граѓаните во целава земја продолжуваат со „дежурството за демократија“

Граѓаните во целава земја продолжуваат со „дежурството за демократија“ во знак на изнесување на своите реакции против обидот за државен удар на терористичката организација Фетулахчи паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ).

Илјадници граѓани на сите возрасти кои на 15 јули се одѕваа на повикот на претседателот реџеп Тајип Ердоган да излезат на плоштадите, од таа ноќ наваму секоја вечер со турските знамиња во рацете држат „дежурство за демократијата“.

Дежурството за демократија во Истанбул продолжува во различни плоштади и пунктови.

Илјадници граѓани и синоќа продолжија со дежурството за демократија пред куќата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во Кисикли во населбата Усќудар.

На „Бината за демократија“ формирана на плоштадот Таксим од страна на општината Бејоглу, на граѓаните им се обратија историчарот и писателот проф. д-р Ерхан Афјонџу и новинарите Мурат Јеткин и Акиф Беки.

Илјадници граѓани кои се собраа пред претседателскиот дворец и плоштадот Кизилај (Црвена полумесечина) во Анкара, продолжуваат со дежурството за демократија.

Граѓаните кои ноќта ја поминаа ма плоштадите се до раните утрински часови, извикуваа слогани за поддршка на „националното братство и единство“. Нешто потоа граѓаните го следеа интервјуто на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за ТРТ Хабер, кое се емитуваше во живо.

Граѓаните на Измир кои исто така остро реагираа против обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО, продолжија со дежурството за демократија на плоштадот Конак.

Граѓаните со турски знамиња во рацете интерпретираа низа различни песни и маршеви и во една весела атмосфера го одржаа дежурството за демократија.

Пратеникот од Измир на владејачката АК партија Булент Делиџан, кој по учеството на митингот „Република и демократија“ на опозиционата Републиканска народна партија (ЏХП) на плоштадот Ѓундогду, дојде на плоштадот Конак, в говорот што го одржа во оваа прилика рече дека храбрите турски деца излегоа пред пучистите и не ја наведнаа главата.

Турците Ахиска (познати и како Месхетски Турци) кои по инструкцијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган од Украина беа донесени во Битлис и се сместија во месноста Ахлат, читаа мевлуд за шехидите кои загинаа во борбата против обидот за воен удар на терористичката организација Фетулахчи (ФЕТО).

Граѓаните во Мерсин со турски знамиња во рацете го следеа во живо интервјуто на претседателот Ердоган за ТРТ Хабер.

Граѓаните на Гиресун со турски знамиња во рацете излегоа на плоштадот Ататурк и држеа дежурство за демократијата. Членовите на невладините организации исто така дреа дежурство за демократијата до раните утрински часови.

На дежурството за демократија во Ризе, учествуваа поранешните фудбалски репрезентативци Танжу Чолак и Али Ѓултикен кои ги поздравија граѓаните.

Турските и граѓаните од сириско и палестинско потекло во Килис, исто така ги изнесоа своите реакции против обидот а воен удар на терористичката организација ФЕТО.



Слични вести