“Турција сака да види целосна соработка од САД по прашањето на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, изјави за Ал Џезира дека Турција сака да види целосна соработка од САД по прашањето на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ

545179
“Турција сака да види целосна соработка од САД по прашањето на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во интервју за телевизисјата Ал Џезира направи проценка на актуелниот дневен ред и истакна дека Турција сака да види целосна соработка од САД по прашањето на екстрадицијата на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Калин предупреди дека доколку Ѓулен не биде екстрадиран  тоа ќе предизвика проблем во турско-американските односи, а исто така напомена дека за екстрадиција на челникот на ФЕТО/ПДЈ Турција ќе им испрати уште едно досие на САД.

Осврнувајќи се и на посетата на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на Русија на 9 август, Калин потсети дека рускиот претседател Владимир Путин по обидот за воен удар го побара по телефон претседателот Ердоган на кого му ја изрази својата поддршка.

Ибрахим Калин подвлече дека двајцата лидери Ердоган и Путин освен за билатералните односи ќе разговараат и за борбата против терористичката организација ДЕАШ и прашањето со Сирија, а воедно привлече внимание дека се фрлаат позитивни чекори во правец на нормализирање по прашањата на економијата, трговијата, туризмот и културата.

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, укажа и на тоа дека и покрај тоа што засега тоа не е признато постојат сомнивања во врска со можноста за замешаност на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во случајот со соборување на рускиот воен авион во ноември минатата година.



Слични вести