„Обидот за преврат на 15 јули беше обид да се остави овој народ без знаме, татковина и држава“

Претседателот Ердоган истакна дека обидот за преврат на 15 јули беше обид да се остави овој народ без свое знаме, своја татковина и своја држава

544957
„Обидот за преврат на 15 јули беше обид да се остави овој народ без знаме, татковина и држава“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на приемот на претседателите на коморите и берзите во претседателската палата во Бештепе во Анкара и притоа остро реагираше на заканата на приврзаниците на терористичката организација ФЕТО преку социјалните медиуми „Чекајте го 14 август“.

Велејќи „Нискоста е прашање на карактерот и не признава временски и просторни граници. Ако е извалкан вашиот карактер вашето предавство излегува на виделина во текот на 365 дена од годината“, претседателот Ердоган рече: „ Овие луѓе се убијци, лицемерни, подли, крадци, натрапници, узурпатори, предавници, пиони и големи грешници. Со секој чекор што го фрлаат уште повеќе пропаѓаат во септичката јама во која се наоѓаат.“

Ердоган истакна дека Турција во текот на својата 93-годишна историја од формирањето на Републиката се соочи со два воени удару, низа обиди за воен удар, паѓање на влади под дејство на војската и со голем број предавства од страна на терористичките организации АСАЛА, ПКК, ДХКП-Џ и ДЕАШ и дека притоа беше принудена самата да ги преброди сиве овие бројни тешкотии и проблеми.

Ердоган потсети дека во секоја прилика става акцент на изразите еден народ, една татковина, едно знаме, една држава, додека членовите на терористичката организација ФЕТО немаат такви вредности, сите 160 земји во кои се организирани ги сметаат за своја татковина и освен тоа што скршнале од правиот пат од верски аспект, тие се развратни и од национален аспект.

„Обидот за преврат на 15 јули беше обид да се остави овој народ без свое знаме, своја татковина и своја држава“. - рече претседателот Ердоган и потсети дека секое школо, секој курс за образование и секоја куќа на оваа структура претставува терористичко гнездо, секоја фирмам секое здружение и секоја фондација претставува терористичка организација и воедно дека секоја пара која што им се испраќа претставува куршум кој што се става во цевката и кој потоа се истрелува против народот.

„Секој треба да прифати дека овие луѓе се убијци. На нивните раце има крв на невини луѓе. Тие се лицемерни и дволичноста станала нивен карактер. Тие се подли и во позадината на секој нивен збор постои друга намера. Тие се крадци кои со крадење на прашањата за приемни испити за универзитет и за вработување и со незаконски наименувања на различни должности ја украдоа иднината на милиони наши граѓани.“ - потенцира претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести