„Зошто некои земји беа вознемирени тогаш кога Турција прогласи вонредна состојба“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека тешко му е да сфати зошто некои земји беа вознемирени тогаш кога Турција прогласува вонредна состојба

543976
„Зошто некои земји беа вознемирени тогаш кога Турција прогласи вонредна состојба“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган даде интервју за мексиканската телевизија „Телевиса“ во кое истакна дека се изнесени сите докази околу тоа оти обидот за воен удар на 15 јули е извршен од страна на терористичката органзиација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Ердоган рече: „За да не се знае дека извршител на обидот за воен удар е ФЕТО треба сигурно да се биде слеп или глув.“

Осврнувајќи се на процесот на екстрадиција на челникот на терористичката органзиација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ Фетулах Ѓулен од САД во Турција, претседателот Ердоган рече: „Ако ние бараме еден терорист од вас, вие треба да ни го дадете тој терорист. Ако се обидете да барате документи од нас тогаш ние не би можеле да водиме борба против тероризмот. Што бараат од нас: Документи. Какви документи ќе им дадеме? Ние немаме време за губење во борбата против тероризмот. Немаме трпение за губење време од 6 месеци или една година.“

Ердоган истакна дека оваа терористичка организација е внесена како таква и во стратешкиот документ на Советот за национална безбедност и дека во врска со истата постојат и судски одлуки.

Велејќи дека ноќта кога беше извршен обидот за воен удар началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар беше земен во заложништво од страна на неговиот сопствен офицер-аѓутант, претседателот Ердоган напомена дека притоа му било предложено на началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар да му закажат телефонски разговор со фетулах Ѓулен и дека тоа било признато и од страна на еден генерал кој е замешан во обидот за воен удар.

Ердоган истакна дека тешкото му е да сфати зошто некои земји беа вознемирени тогаш кога Турција прогласи вонредна состојба и рече: „Ние се соочуваме со воен удар. Никој во оваа точка не ни вели дека стои покрај нас против овој обид. Видете. До овој момент Советот на Европа и ЕУ, никој од нив не испрати свој специјален претставник во Турција или ниту еден нивен член не ја посети Турција.“

Потсетувајќи дека за време на обидот за воен удар Турција покажа една поразлична слика која што досега ја нема видено светската демократија, претседателот на Реппубликата Реџеп Тајјип Ердоган рече: „На овој народ треба да му се ракоплеска и да се цени она што го направи. Тоа го направија сите средини без никаква разлика. Сите беа рака за рака, уметниците, спортистите, старите, младите. Ако сите заедно застанат и легнат пред тенковите, ако една жена застане и се испречи пред тенкот, на овој народ треба да му се ракоплеска. Никој да не го споредува овој народ со други. Затоа јас се гордеам со мојот народ. Подготвен сум да дадам се за овој народ.“



Слични вести