„Веќе заврши периодот на сомневање и започна периодот на борба“

Претседателот Ердоган истакна дека заклучно со обидот за преврат ноќта на 15 јули кога животот го загубија 238 недолжни луѓе веќе заврши периодот на сомневање и започна периодот на борба против терористичката организација ФЕТО

544150
„Веќе заврши периодот на сомневање и започна периодот на борба“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на отворањето на Вонредниот верски совет што се одржува во Анкара и во оваа пригода истакна дека оние кои продолжуваат да ги слушаат лагите на шарлатанот во Пенсилванија (Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација Фетулахчи/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ) однапред ќе го прифатат тоа што ќе ги снајде потоа.

Велејќи дека и самиот лично долго време не можеше да ги согледа подлите пресметки на Фетулах Ѓулен, челникот на предавничкиот бунт на 15 јули, Ердоган рече: „И покрај тоа што имаше голем број работи кон кои не се приклучував со мисла дека сме еднакви во минималните заеднички работи како и на секоја друга средина им помогнав и на овие. Се обидов и оваа средина да биде вклучена во општеството што претставуваше наш обид за централизирање на секоја изоставена и отуѓена средина. Во рамките на нивните активности во образованието и во хуманитарните акции внатре во земјата и во странство им покажавме толеранција па дури и поради тоа што го изговараа Аллаховото име.

Претседателот Ердоган истакна дека вистинското лице на оваа организација беше откриено за време на обидот за преврат од 17/25 декември 2013 година, а заклучно со обидот за преврат ноќта на 15 јули кога животот го загубија 238 недолжни луѓе веќе заврши периодот на сомневање и започна периодот на борба.  

Потсетувајќи дека доколку не беа преземените мерки по 17/25 декември обидот за преврат на 15 јули освен со терористите внатре во Турските вооружени сили (ТВС) оваа терористичка организација ќе се појавеше како многу поголема закана и со полицијата, судството и бирократијата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Но и покрај се жалам поради тоа што многу порано не го изнесов вистинското лице на оваа подла организација. Знам дека поради тоа имаме сметка која што треба да им ја полагаме и пред Аллах и пред нашиот народ. И Аллах и народот нека ни простат.“



Слични вести