Реакција од Турција против истражувањата на јаглеводородни извори во нејзиниот континентален гребен

Анкара реагираше на тоа што кипарско-грчката управа некои зони во Средоземното Море ги прогласи за зони за пребарување и вадење јаглеводородни извори, а кои се наоѓаат во границите на континенталниот гребен на Турција

543811
Реакција од Турција против истражувањата на јаглеводородни извори во нејзиниот континентален гребен

Турција истакна дека не станува збор странските фирми да реализираат активности за пребарување и вадење на јаглеводородни извори во морските зони кои се наоѓаат во нејзина надлежност.  

Јужната кипарско-грчка управа на 27 јули ги соошти фирмите кои доставиле понуда во рамките на тендерот за истражување на јаглеводородни извори кој што е распишан за некои зони во Средоземното Море.

Меѓутоа некои од зоните кои што кипарско-грчката управа ги прогласи за зони за истражување се наоѓаат во границите на континенталниот гребен на Турција.

На ова реакцијата на Турција против кипарско-грчката управа беше остра така што турското министерство за надворешни работи предупредувајќи ги и кипарско-грчката управа и земјите и фирмите кои ќе ги реализираат работите за истражување на јаглеводородни извори го истакна следното: „Ќе го преземеме сите видови мерки за  одбрана на правата и интересите на Турција во границите на нејзиниот континентален гребен.



Слични вести